15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

409 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 409 возачи, извести МВР.

„Од нив, 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 237 надвор од населено место“, соопшти МВР.

Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.