Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен 18-годишник од Свети Николе, бил затекнат при продажба на марихуана

Вчера попладне, во 14.10 часот, на улицата Младинска во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода 18-годишниот Б. М. од Свети Николе, извести МВР.

„Тој бил затекнат при продажба на марихуана на лице од Свети Николе. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе таблети ‘екстази’ и пари“, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

ДЕСК

Приведени четири лица осомничени за разбојништвата со последица смрт во Хром и Ѓорче Петров

ДЕСК

Приведен 62-годишник од струмичко по пријава дека ја нападнал сопругата

ДЕСК