18.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Активни пет пожари, вчера регистрирани 37

Центрот за управување со кризи известува дека вчера имало вкупно 37 пожари.

Активни,како што велат, од вчерашните се уште 5.

Информираат дека по дел од пожарите, што загрозуваа села се дејствувало и со воздухоплови на ДЗС и МВР, а некаде покрај ПП тимовите во одбрана на селата било вклучено и месно население.

„Активните пожари од вчера, се во:
– Општина Македонски Брод, високо над с.Белица, во месноста „Аргулица“ под Солунска Глава на непристапен терен (каде што гори борова шума);
– Општина Штип, кај с.Селце на планинскиот дел Серта од Конечка Планина (нискостеблеста шума);
– Општина Чашка, месност „Горна и Долна Бабина Дупка“ (нискостеблеста шума);
– Општина Долнени, с.Долнени (ниска вегетација) и во
– Општина Куманово, кај с.Лубодраг (ниска вегетација)“, се наведува во информацијата од ЦУК.