24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Имаме контакт со 50 македонски граѓани во Израел, но бројката е поголема, работиме на нивно извлекување, вели Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека поминале тешка непроспиена ноќ и тој и сите во Амбасадата во Тел Авив и во кризниот штаб во Министерството за надворешни работи по нападите во Израел.

„Мојот кабинет контактира со земјите соседи и со другите партнерски земји, кои имаат авиокомпании и кои може да слетуваат на аеродромите или во Израел или во околните држави“, рече тој.

Потврди дека некои од нашите граѓани што беа во Израел се веќе вратени дома.

„Контактите со другите наши граѓани што се таму продолжуваат. Имаме некои од граѓаните што се лоцирани, тие се 50-ина, но и некои со кои не е стапено во контакт и на тоа се работи во моментот. Се работи на нивно извлекување од Израел и безбедно враќање дома. Досега имаме воспоставено контакт со 50 наши граѓани, но бројката се зголемува бидејќи таму има и студенти, како и градежни работници“, нагласи Ковачевски.

Според него, во Амбасадата во Тел Авив деноноќно се работи на воспоставување контакт со граѓаните и, како што рече, ќе биде направено сè што е потребно за секој граѓанин да биде на безбедно и да може да се врати.