„Во изминативе 5 години Северна Македонија е носител на позитивни политички и економски текови, обезбедуваме можности за стопанството, бизнис заедницата, вложуваме во функционално, модерно, поврзување на нашата земја со целиот регион, а со капиталните инвестиции во патната инфраструктура се отвораат можности нови европски рути. Наш фокус во следниот период е и развој на човечкиот капитал. Од макроекономско гледиште, тој е суштинска сила во поттикнувањето на растот и развојот на секоја држава, бидејќи луѓето се двигатели на другите фактори на производство, како што се физичкиот капитал и инфраструктурата, истакна премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на Инфо сесијата посветена на стопанствениците „Довербата расте“.
Тој дополни дека во таа насока Владата во соработка со Светска Банка изработи Стратегија за човечки капитал до 2030 година, во која фокус се три клучни и меѓусебно поврзани подрачја – образованието, здравството и социјалната заштита.
„Позитивна реформа кога станува збор за човечките потенцијали е и воведувањето на концептот на Дуално образование започнат во учебната 2017/2018 година, бидејќи знаеме дека она што е неопходно за компаниите е квалификуван кадар кој лесно и брзо ќе се вклучи со системот на работа. Позитивен тренд е што интересот за стручните насоки, од година во година расте а тоа е резултат на добрата соработка меѓу Владата, министерството за образование, стопанската комора и се разбира компаниите“, потенцираше Ковачевски.
За крај сакам да напоменам дека и годинава ни претстои тешка зима, но ние влегуваме подготвени кога е во прашање снабдувањето со електрична енергија. Кризата ја претворивме во можност, а Северна Македонија е лидер во енергетската транзиција и стануваме зелен енергетски хаб во Европа. Да направам споредба во 2016 година во нашата држава имаше инсталирано 16 мегавати од фотонапонски електрани, заклучи Ковачевски.