Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Анкета на „Фокус“: Ковачевски станува најпопуларен политичар, за неполни две години активен политички ангажман

Актуелниот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, за неполни две години од седнувањето на „жешкото столче“ станува најпопуларен политичар во земјава, покажува последната анкета на „Фокус“.

Според резултатите од анкетата, Ковачевски е омилен политичар на 12,8 отсто од испитаниците, со што е попопуларен од Груевски и Мицкоски, кои имаат 11,1 и 10,5 отсто поддршка од граѓаните.

Успешното справување со енергетската и економската криза очигледно го подигнаа рејтингот на премиерот Ковачевски.

Од друга страна, внатрешниот раздор и јавните расправии помеѓу актуелниот и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Груевски, покажуваат намалување на рејтингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Откако Никола Груевски и Христијан Мицкоски започнаа да се препукуваат во јавноста, започна да слабее рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, но и видлив стана раздорот и можноста за нова политичка опција поддржана од Груевски.

Според последната анкета на „Фокус“, прва по раздорот во ВМРО-ДПМНЕ, Груевски ужива поголема доверба од Мицкоски, што само ги засилува шпекулациите дека експремиерот би можел да поддржи нов политички субјект кој ќе настапи со сопствени листи на изборите.

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Студеничани – откако полицајците сакале да го приведат осомничениот се насобрала поголема група на луѓе, а притоа лицето избегало

ДЕСК

Тажна вест: Почина уште еден затвореник во Идризово

ДЕСК

Физичка пресметка меѓу жени на Бит Пазар

ДЕСК