15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Присуствував на Меѓународната спортска манифестација во традиционално борење Пеливан

Денеска присуствував на Меѓународната спортска манифестација во традиционално борење Пеливан, која се одржа во с. Цветово, Општина Студеничани, напиша на социјалните медиуми министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Денеска присуствував на Меѓународната спортска манифестација во традиционално борење Пеливан, која се одржа во с. Цветово, Општина Студеничани, во присуство на над 3.000 граѓани од цела Македонија, како и гости од Турција, Албанија, Бугарија.

Под мотото „Традицијата продолжува” пеливанското борење е извонредна манифестација на народна форма на борење, придружена со зурли и тапани, карактеристична за Балканските простори. Оваа вековна традиција, најчесто семејна, која се пренесува од колено на колено, е израз на јунаштво, но и одличен начин на поврзување со соседните држави.

Ви благодарам на гостопримството, за многу години традицијата! Нека победи најдобриот пеливан!, стои во објавата на Спасовски.