Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Анкета на „Фокус“: Судирот Мицкоски – Груевски го намали рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ!?

Во понеделник „Фокус“ објавува најново истражување на јавното мислење за повеќе актуелни теми.

– Ги прашавме граѓаните кое е нивното мислење за политичко економската состојба во земјава. Во фокус ни се политичките односи, ставот на граѓаните во врска со терминот за одржување на изборите, но и евалуација на економските мерки и политики, пишува Фокус.

– Најинтересно во ова истражување кое сметаме дека ќе го привлече вниманието на граѓаните и секако на експертската јавност е како судирот помеѓу Мицкоски и Груевски влијае врз рејтингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Истражувањето покажува дека според перцепцијата на граѓаните во овој момент, големите поделби во ВМРО-ДПМНЕ ја ослабнаа партијата и го намалуваат партискиот рејтинг.

Внатрешниот раскол има тенденција да се преслика и на изборите. Доколку се случи да се појави нов политички субјект или поддржувачи на Никола Груевски да настапи на изборите со сопствени листи, како што се шпекулира во политичките кругови како можна опција, тогаш несомнено тоа ќе оди на директна штета на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Фокус.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК

Следува продолжен викенд – ова се преостанатите неработни денови до крајот на 2025

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.