16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Претреси во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Вчера (06.10.2023) полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Б.(51) од Куманово. При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, биле пронајдени марихуана, хероин, амфетамин, кокаин и поголема сума на пари во различни валути.

Дополнително, при претрес во неговиот деловен објект во Куманово бил пронајден хероин. Б.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар (ВИДЕО)

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК

Во скопски хотел пронајден починат 44 годишник – полицијата истражува

ДЕСК