Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Загина едно лице, малолетник тешко повреден – полицијата ги откри деталите

Синоќа било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(46) од Битола, и патничко моторно возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(43) од Прилеп.

Полицијата соопшти дека со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Т. кој бил пренесен во Градска болница-Прилеп каде починал, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Прилеп во возилото „ауди“, а возачот И.Б. и сопатниците И.Б.(38) од Прилеп и уште еден малолетник се здобиле со телесни повреди.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Народот на овие избори покажа зрелост, падна митот дека Кичево е нивно или наше, Кичево е на народот

ДЕСК

Филипче: СДСМ останува најсилна опозициска партија

ДЕСК

Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ

ДЕСК