15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Oд понеделник ќе се наплаќа паркинг во „Ист гејт мол“ – објавено колку ќе чини

Почнувајќи од понеделник, 9 октомври, трговскиот центар „Ист егјт мол“ воведува систем за наплата на паркингот по речиси две години од отворањето на трговскиот центар.

Првиот час е бесплатен, а потоа следните 2 часа чинат 30 денари. По изминатите 3 часа, паркингот ќе чини 20 денари секој почнат час.

„Иако се менува режимот на паркингот, цената е пониска од просечната цена на паркингот во главниот град. Во трговскиот центар се поставени неколку апарати за наплата, и тоа на следните локации: ниво 2, излез кон паркинг, на паркоматите поставени пред продавницата „Крусел“ (југ) и „Кар бокс“ (север), на ниво 1, излез кон паркинг, на паркоматите поставени кај продавниците „Нептун“ (југ) и „5 центар“ (север)“, велат од Трговскиот центар.

На паркоматите може да се плати со банкноти, но и со дебитни и кредитни картички“, велат од Трговскиот центар.