24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Дали Шанса за Центар ги манипулира центарци за Треска?

Од сите досега јавно пласирани информации Шанса за Центар излегува со бројка дека во ДУП-от Буњаковец каде спаѓа и комплексот Треска ќе живеат 33.000 жители наместо предвидените 12.500. Ова е поразително и крајно извртување на бројките. Шанса за Центар алудира на голема населеност во комплексот Треска поради незадоволството од одлуката на Уставниот суд кој ја отфрли нивната иницијатива за оценување на уставноста на Деталниот урбанистички план (ДУП) за Буњаковец во кој спаѓа и просторот на „Треска“. Независно од револтот недозволиво е да се манипулира со бројки во вакви размери кои создаваат паника кај граѓаните.

Општина Центар досега неколку пати објавуваше за комплексот што тој ќе содржи и со колкава габаритност на зградите и тоа граѓаните можат тоа да го проверат со лесно пребарување на досега објавените информации во медиумите.
Имено, според сите јавни податоци на парцелата на поранешната фабрика Треска треба да се изгради комплекс од вкупно 6 блока, при што најмалиот е со вкупна површина од околу 3900 м2, додека најголемиот 8920 м2.

На целиот комплекс предвидено е да има околу 20 станбени објекти во кои влегуваат повеќе градежни парцели, што е за над 30% помалку од бројот на објекти што го дозволува актуелниот ДУП кој во јавноста се нарекува наполитанки.

Според досега објавеното максималната катност на овие 20 згради е П+5 или максимална висина од 16 метри, што пак е далеку помалку од околните објекти во тој реон, како и од поголемиот дел згради на централно подрачје.

Во рамки на комплексот, предвидени се 1350 станови, наспроти обвинувањата дека во овој комплекс се предвидуваат и повеќе од 2500 станови. За овие 1350 станови според регулативите потребно е да се испроектираат 1400 паркинг места, меѓутоа според информациите од општината инвеститорите предвидуваат 20% повеќе од пропишаната бројка и целосно сообраќајно решение со паркирање во рамки на парцелата. И најважното комплексот предвидува домување за најмногу 4000 жители, односно околу 16.500 жители за целиот ДУП Буњаковец, а не 33.000 како што тврди Шанса за Центар.

Шанса за Центар ги дуплира бројките за да создаде паника кај жителите. Шанса за Центар да престане да си игра, да седне и убаво да ги пресмета бројките и конечно да пласира вистини, а не лаги.