Центарот за управување со кризи информира дека вчера имаше 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума, борова шума и неколку депонии, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК.
До утрово, според извештаите стигнати во ЦУК, активни пожари од последното деноноќие има уште еден – во општина Македонски Брод, во пределот кај село Белица (каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума).
Инаку, 29-те пожари државата во последното деноноќие биле конкретно во општините:
– Општина Шуто Оризари, покрај улицата „Индира Ганди“ (каде што горела ниска вегетација)
– Општина Студеничани, село Батинци (ниска вегетација);
– Општина Зелениково; помеѓу село Вржале и село Морани (шума);
– Општина Гази Баба, два пожара, Парк шума „Гази Баба“ (грмушки) и кај село Раштак (ниска вегетација);
– Општина Ѓорче Петров, село Ново Село кон река Лепенец (ниска вегетација);
– Општина Бутел, село Луботен (ниска вегетација и отпадоци);
– Општина Илинден, во населба „Илинден“ (стрниште);
– Општина Прилеп, два пожара, село Селце (ниска вегетација) и село Ново Селани (ниска вегетација);
– Општина Босилово, помеѓу село Басилево и село Пиперево (ниска вегетација и ѓубре);
– Општина Гевгелија, три пожари во близина на Железничка станица „Гевгелија“ (ниска вегетација и капини), кај место Прдејци (ниска вегетација нискостеблеста шума) и село Богданци (ниска вегетација и прнар);
– Општина Радовиш, помеѓу село Јаргулица и село Калуѓерци (ниска вегетација);
– Општина Кичево, село Козица (стрниште);
– Општина Чашка, село Горно Јаболчиште (букова шума);
– Општина Неготино, село Пепелиште (ниска вегетација);
– Општина Карбинци, село Горно Трогерци (ниска вегетација);
– Општина Куманово, два, кај село Долно Којнаре кон село Речица (ниска вегетација и стрниште) и кај село Никуштак (ниска вегетација и стрниште);
– Општина Старо Нагоричане, село Драгоманце (ниска вегетација и стрниште);
– Општина Тетово, пет пожари, кај село Жеровјане (ниска вегетација), село Боговиње(картонски одпад), село Одри (ниска вегетација), село Доброште (ниска вегетација) и кај село Палатица (ниви).
– Општина Гостивар, кај село Старо Чајле (каде што горела нискостеблеста вегетација).