5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Македонија плаче: Загина 18 годишно момче во страотна сообраќајка

Лице на возраст од 18 години загина, а 23 годишно друго лице е повредено во тешка сообраќајка доцна синоќа во 21 часот и 30 минути на патот Пирок-Тетово кај Долно Палчиште.

Вчеравечер на регионалниот пат Пирок-Тетово, во тетовско Долно Палчиште, патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки кое, според првичните сознанија од увидот го управувал 18-годишниот М.З. од тетовско Синичане, излетало од коловоз и удрило во столб.

Во несреќата, М.З се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место, а сопатникот А.З.(23) од истото село со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, се вели во информацијата на МВР.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата активно презема мерки за поддршка на стопанството и за отворање нови работни места

C +

Тошковски за дивеењето на скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание

C +

Утре, сончево време, со локална појава на дожд и грмежи

C +