8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Мицкоски е анти ЕУ политичар кој освен блокади друго не знае, велат од СДСМ

Христијан Мицкоски е анти ЕУ политичар, кој освен блокади и опструкции на европскиот пат на државата и членството во ЕУ, друго не знае, велат од СДСМ.

„Мицкоски и неговото антизападно ДПМНЕ немаат поддржано ниту една одлука за евроатлантските интеграции на државата. Не го поддржаа ниту членството во НАТО, ниту Преспанскиот договор. Ширеа хистерија дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор со ЕУ потпишан на македонски јазик. Под заложништво на проруската Левница организира протести против европскиот предлог, ги плашеа граѓаните со лаги за бугаризација и асимилација“, велат од партијата.

Според нив, антизападното ДПМНЕ, на чело со Мицкоски е главен кочничар на европската интеграција.

„Со своето неразумно делување, ја блокираат европската иднина на државата, блокираат подобар животен стандард на граѓаните, повисоки плати и пензии, подобри можности за компаниите, пристап до пазар од 500 милиони жители, пристап до европските фондови. Затоа СДСМ ќе направи сѐ за државата да оди напред, граѓаните да живеат во европска држава, со европски животен стандард“, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК