23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Каевски: Нема тајни средби со поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ

„Сите сегашни и поранешни партиски функционери на СДСМ демантираа и кажаа дека нема тајни средби. Ниту еден наш партиски функционер не е во било каква комуникација со поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ или било кој“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека таквите шпекулации се пласираат за да се одвлече вниманието од внатрешните несоглсувања во опозициската партија.

„Ние јавно кажувавме дека постојат структури во ВМРО-ДПМНЕ кои велат дека оваа изолација што ја протажира ВМРО-ДПМНЕ не е добра за државата и дека уставните измени мора да се случат. Во ДПМНЕ стана пракса да има поделби, а најчест изговор им е дека СДСМ се криви“ рече Каевски.

Пратеникот додаде дека чесно е да си разговараат во партиските органи и структури, а не да го мешаат СДСМ во нивните внатрепартиски несогласувања.

„Факт е дека постојат несогласувања и токму со оваа изјава на Мицкоски се потврди дека постојат несогласувања во ВМРО-ДПМНЕ за разни теми и прашања“ рече Каевски.