14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Времето денеска променливо облачно со локален пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 24 до 31 степен Целзиусов. Индексот на ултравиолетово зрачење ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе изнесува 16, а максималната ќе достигне до 29 степени Целзиусови.

Од утре следува сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Можеби ќе ве интересира

Маж бакнувал и допирал малолетна скопјанка – мајката пријавила во полиција

ДЕСК

Обезбедени 170 милиони денари субвенции за инвертер клими за ранливите категории, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

Активни два пожари на територијата на Македонија, под контрола ставени три

C +