25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
maricic
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Имаме недвосмислен сигнал за проширување на ЕУ да не се блокираме самите, чекајќи подобри времиња

„Потребна ни е временска рамка и јасен план и мислам дека 2030 година е реален датум за завршување на реформите и на ЕУ и на земјите кандидати кои се во процес. Во спротивно, ако остане како што ветија во Солун, тогаш ќе имаме големо разочарување. Имаме недвосмислен сигнал за проширување на ЕУ и мора да ја искористиме таа можност и да не се блокираме самите, чекајќи подобри времиња“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за грчкиот весник „То Понтики“.

Тој додаде дека објавувањето на 2030 како временска рамка е сериозна пресвртница во политиката на проширување на ЕУ и добар план, со кој стратегијата за брз влез во ЕУ добива уште повеќе сила, бидејќи дава до знаење дека чекањето не е стратегија за членство, туку стратегија што ќе ја испразни државата од младите и ќе ја убие надежта за ЕУ.

„Новата ера во односите меѓу Западен Балкан и Европската Унија е доказ за взаемната посветеност на заедничката иднина. Тоа е поглавје дефинирано со верувањето дека со заедничка работа, можеме да изградиме попросперитетна, стабилна и обединета Европа. Западен Балкан не е само на прагот на ЕУ, туку е составен дел на визијата на ЕУ за силен и обединет континент“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот во интервјуто за грчкиот весник истакнвуа дека постои доволен сигнал дека работите во ЕУ се менуваат на подобро, поповолни за нас и штом ќе ги завршиме нашите обврски, ќе се најдеме во групата на следните членки на ЕУ.