25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Драстичен скок на цените на нафтата денеска – Достигнато највисоко ниво оваа година

Втора недела по ред цената на суровата нафта на светските берзи бележи постојан пораст – цената на барел нафта од типот брент на лондонската берза денеска достигна 90 долари, што е највисоко ниво од крајот на минатата година.

Новите намалувања на производството и извозот на нафта во светот и неизвесноста во понудата придонесоа за растот на цената.

Саудиска Арабија, водечката членка на организацијата за извоз на нафта ОПЕК и најголемиот светски производител, потврди дека ќе го продолжи дополнителното намалување на производството на нафта за еден милион барели дневно до крајот на годината.

И Русија објави дека до крајот на годината го продолжува дополнителното намалување на извозот на црно злато за 300.000 барели дневно.

Загрижувачки е тоа што истовремено расте и побарувачката на нафта, па се стравува од нови поскапувања на црното злато.

Светските анализи покажуваат дека глобалната побарувачка за нафта ќе се зголеми за речиси четвртина до 2045 година.