13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Каевски: Единствени кои го кршат деловникот се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

„Единствени кои што го кршат делоникот се опозициските пратеници кои што се претседатели на одредени комисии каде што со месеци, со години не се оддржани седници. Постојат точки кои што ги чекат граѓаните, тие точки не се за добро на пратениците од владејачкото мнозинство или за Владата тие се точки што се во интерес на граѓаните” рече пратеникот Дарко Каевски во Тема на денот на Сител.

Тој додаде дека тие закони не го доживеа светлото на крајот на тунелот, односно опозициски пратеници не закажуваат седници на матични комисии и сега тие истите обвинуваат за кршење на деловникот.

„Несфатливо е кога поранешен претседател на Собранието кој ако не се лажам 8 години бил претседател на Собранието не ги знаел одредбите од деловникот. Деловникот е јасен и постапувањето на актуелниот претседател на Собранието е во согласност со деловникот” изјави Каевски.

Тој рече дека повеќето од пратениците знаат, но за јавноста и граѓаните повтори дека согласнчлен 81 став 1 од Деловникот може да ја прекине претседателот седницата кога нема доволно пратеници или во случај кога ќе оцени дека тоа е неопходно.

“Во истиот член во став 5, времето за продолжување на седницата ја одредува претседателот во смисла тоа е негово дискреционо право. Па од тука јасно се гледа дека деловникот не е прекршен и претседателот постапува согласно со деловникот“ рече Каевски.

Можеби ќе ве интересира

Според очевидците пожарот кај Јасен бил разгорен од удар на гром, Мицкоски вели се прават натчовечки напори

C +

Жерновски: Паника поради падот од 130.000 гласа

ДЕСК

Судот оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

ДЕСК