16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Каевски: Несфатливо е како Велјановски се уште не го знае деловникот

„Несфатливо е кога поранешен претседател на Собранието кој ако не се лажам 8 години бил претседател на Собранието не ги знаел одредбите од деловникот. Деловникот е јасен и постапувањето на актуелниот претседател на Собранието е во согласност со деловникот” изјави Дарко Каевски во Тема на денот на Сител.

Тој рече дека повеќето од пратениците знаат, но за јавноста и граѓаните повтори дека согласнчлен 81 став 1 од Деловникот може да ја прекине претседателот седницата кога нема доволно пратеници или во случај кога ќе оцени дека тоа е неопходно.

“Во истиот член во став 5, времето за продолжување на седницата ја одредува претседателот во смисла тоа е негово дискреционо право. Па од тука јасно се гледа дека деловникот не е прекршен и претседателот постапува согласно со деловникот“ рече Каевски.

Пратеникот од СДСМ рече дека единствени кои го кршат деловникот се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се претседатели на комисии и не закажуваат седници.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК