3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Од 1 до 5 септември втор рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк

Студентите од втора и повисоките години, кои го пропуштија првиот рок за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година, можат да поднесат пријава од 1 до 5 септември. Пријавувањето се врши преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, а по завршување на рокот за пријавување, кандидатите ќе добијат известување. Потоа, од Шпаркасе банка, како банка со која Министерството за образование и наука склучи нефинансиски договор за реализација на мерката, ќе бидат повикани да склучат договор за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка преку која единствено ќе можат да ги користат средствата.

Аплицирањето за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар ќе трае од 27 септември до 2 октомври.

Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите им се олеснува животот за време на студирањето. Финансиската поддршка во износ од 140 денари дневно е наменета за купување здрава храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.

Можеби ќе ве интересира

Во август има уште еден неработен ден и се паѓа во четврток – Ова се сите празници до крајот на годината

ДЕСК

Спасовски: Најостро го осудувам националистичкиот говор и навредливите скандирања што се случија за време на спортскиот натпревар во Куманово

ДЕСК

СДСМ: Говорот на омраза се засилува пред избори, силно ги осудуваме навредите на кошаркарскиот меч во Куманово

ДЕСК