Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

121 санкционирани возачи на мотоцикли, 64 без заштитна кацига

Во текот на вчерашниот ден (29.08.2023) во периодот од 18.00 до 00.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 121 возач. Од нив, 64 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 33 возеле без возачка дозвола, a шест биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 145 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.