18.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Загина 18 годишна девојка, има повредени – излета голф близу Прилеп

На 28.08.2023 во 21.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, на место викано „Циглана“ во с.Долнени, прилепско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.М.(18) од с.Пешталево, излетало од патот.

Од здобиените повреди на местото починала сопатничката М.С.(18) од Прилеп, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.М. и другата сопатничка Б.С.(18) од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.