ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 211 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 21.08. до 27.08.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 119 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 102 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.