30. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Мишел: Зборуваме за тајминг, да бидеме подготвени за проширување во 2030 година

xАко сакаме да бидеме кредибилни, верувам дека мора да зборуваме за тајмингот и домашните задачи, рече претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел зборувајќи за процесот на проширување за време на Самитот во Блед.

-И имам предлог, додека ја подготвуваме следната стратешка агенда на ЕУ, мора да си поставиме јасна цел. Верувам дека мора да бидеме подготвени – од двете страни – до 2030 година за проширување. Ова значи дека следниот долгорочен буџет на ЕУ ќе треба да ги вклучи нашите заеднички цели. Ова е амбициозно, но неопходно. Тоа покажува дека сме сериозни. Ќе изгради моментум. Тоа ќе даде трансформативен поттик на реформите. И тоа ќе генерира интерес, инвестиции и подобро разбирање. И охрабрете не сите да работиме заедно, кажа Мишел.

Според него, прозорецот на можности е отворен.

-Ние треба да дејствуваме на тоа. Затоа лидерите на ЕУ ќе разговараат за проширувањето на нашите следни состаноци на Европскиот совет. Ќе заземеме став за отворање на преговорите со Украина и Молдавија. Исто така, очекувам Босна и Херцеговина и Грузија да се вратат на масата, рече Мишел.