22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Во септември ни доаѓа уште еден продолжен викенд, а во октомври два неработни денови – Кога ќе одмараме до крајот на годината?

Со цел да подобро да си ги испланирате празниците што претстојат кои се неработни денови за сите граѓани, Бизниспро објавува список на датумите кои се неработни до крајот на оваа година.

Следниот неработен ден за сите граѓани е и продолжен викенд,а тоа е 8 септември во петок.

Потоа во есенски октомври следуваат два неработни денови, од кои едниот е продолжен викенд. Тоа се – 11 октомври (среда), Ден на народното востание и 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба

Списокот на останати неработни денови се стеснува, а погледнете ги преостанатите празници:

За граѓаните од католичка вероисповед неработен ден е 1 ноември (среда), Празникот на сите светци, 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница празник е 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на еврејската заедница неработен ден е 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ неработен е 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ неработен е 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.