Денеска во Охрид почнува регионалната конференција „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан“.
Конференцијата ќе трае до вторник, а ќе се дебатира за стабилноста на Балканот и улогата на земјите од регионот и украинското прашање.
Присутни ќе бидат професори од САД, од НАТО колеџот во Рим, експерти и дипломати од областа безбедноста од балканските држави и ЕУ.
Настанот ќе го отворат министри од земјава и регионот, претставници на НАТО, амбасадори, претставници од дипломатскиот кор.