Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Ескобар јасно кажа дека партнери на САД се тие кои се за НАТО, ЕУ и владеење на правото

„Ако ја видите денешната прес конференција на претставникот на САД тој јасно кажува дека партнери на САД се тие кои што се за НАТО интеграции, ЕУ интеграции и за владеењето на право. Она што ние го делиме како вредности во владината коалиција и политички партии и лидерите на политичките партии во оваа коалиција“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „10 минути“ на ТВ21.

Тој додаде дека некои од партиите во владината коалиција имаат полиберална визија за економијата, некои имаат поконзервативна, некои посоцијална, но сврзно ткиво се НАТО интеграцијата и евроинтеграцијата.

„Секогаш нашата држава ја воделе две јасни цели во поглед на меѓународното етаблирање на државата – членството во НАТО и членството во ЕУ. Ние таа јасна визија не смееме да ја изгубиме бидејќи граѓаните сакаат да видат држава која е дел од ЕУ“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека важно е проевропскиот фронт да биде силен, цврст и решен да го води процесот до финално зачленнување на Северна Македонија во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК