„Она што сметам дека е важно е да овој процес се води низ дискусија, да сфати нашата опозицијата дека треба да учествува во вакви процеси, бидејќи тие досега не учествувале во ниту еден ваков важен процес. Важно е за партијата да биде дел од процесот“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „10 минути“ на ТВ21.
Тој рече дека е непријатно во опозицијата бидејќи знаат дека не учествувале во пристапувањето во НАТО, дека не поддржувате важни и државни и меѓудржавни договори за државата, за нејзиното меѓународно етаблирање и обезбедување на регионална стабилснот.
„Јас верувам во ВМРО–ДПМНЕ дека има европски капацитет за тоа да го направи и сметам дека имаме доволно време пред нас тоа и да се случи. Во спротивност, што е алтернативата? Блокада, изолација“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека не се исполнија стравовите на опозицијата дека со преговарачката рамка ќе се случиле бугаризација и асимилиација, туку напротив само се потврди македонскиот јазик и идентитет.
„Предлогот за уставните измени не е дојден од надвор, тоа е наш предлог изработен од страна на наши експерти, наши професори, наши политичари поднесен во наша Влада и поднесен од наше Собрание, одобрен од уставна комисија на Собранието на Република Северна Македонија. Вие гледате дека не постои никаква забелешка ниту од академската заедница, ниту од граѓаните и граѓанските организации во однос на содржината на уставните измени. Тие не задираат во ниту едно идентитеско прашање на македонскиот народ“ рече Ковачевски.