Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возач на мопед изгубил контрола и паднал, тој полесно, а сопатничката потешко повредена

Утрово, околу 2.15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Гоце Делчев во Скопје, 16-годишник од Скопје, управувајќи мопед „хамачи“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

По несреќата, возачот и 16-годишната сопатничка од Скопје биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што на возачот му биле констатирани телесни повреди, а на сопатничката ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Народот на овие избори покажа зрелост, падна митот дека Кичево е нивно или наше, Кичево е на народот

ДЕСК

Филипче: СДСМ останува најсилна опозициска партија

ДЕСК

Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ

ДЕСК