17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Со „сузуки“ удрил во паркирано возило, тешко повреден 17-годишник на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод

Вчера, во 11.33 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, 17-годишник од село Б. Доленци, управувајќи мотоцикл „сузуки“, без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко моторно возило „фиат пунто“, со кичевски регистарски ознаки, сопственост на Н. С., извести МВР.

„По несреќата, мотоциклистот бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди“, соопшти МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Кичево.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар (ВИДЕО)

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК