Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тинејџер повредил малолетник со остар предмет во Кочани поради девојка

Полициски службеници од Полициската станица Кочани вчера околу 19 часот го лишиле од слобода Н.Г.(18) од Кочани.

-Тој се сомничи дека околу 14.40 часот во својот дом со остар предмет нападнал и повредил 15-годишник од Кочани, а според неговото кажување, тоа го направил поради расправија за девојка. Малолетникот бил пренесен во Општа болница Кочани каде му била укажана лекарска помош, инфирмира МВР.

Н.Г. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски до Реџепи: Со вашето владеење избркавте 10 илјади луѓе од Брвеница, а сега истите тие ги молите да се вратат и да гласаат на етничка основа

ДЕСК

Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија

ДЕСК

Минчев од Приштина: Ставаме крај на нефункционалноста, со професионални кадри, јасни правила и одговорност до институции што испорачуваат резултати!

ДЕСК