Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Ме плаши дека ВМРО-ДПМНЕ немаат намера ни сега, ни по изборите да гласаат за уставни измени, кажа Маричиќ

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, се сомнева дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени, дури и ако се одржат изборите. Прашан дали имале комуникации со тамошни функционери по петочната седница за уставни измени, Маричиќ немаше информации.

„Немам информации дека имало комуникации за ова прашање по завршување на седницата минатата недела. Ние секогаш ќе останеме отворени за дијалог, дури и за идеите на опозицијата за дополнителните гаранции. Подготвени се да разговараме и да видиме што е тоа што треба да го добиеме за опозицијата да се обврзе да гласа. Целта ни е да го завршиме со целосна поддршка на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, ме плаши, дека нема намера ни сега ни по изборите да гласа за уставните измени. Неопходно е да се кристализираат позициите на политичките опции, без разлика каде припаѓаат“, рече Маричиќ.

Според него, со носење на одлуките се гледа кој е за во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

30 години членство во Советот на Европа – средба на претседателот Гаши и претседателот на ПССЕ, Теодорос Русопулос

ДЕСК

За вакцинација против сезонски грип досега пријавени над 76 илјади граѓани – започна и вакцинацијата со комерцијални вакцини во Центарот за јавно здравје – Скопје

ДЕСК

Приведени криумчари на мигранти во гевгелиско, следува соодветна пријава

ДЕСК