24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Земја членка на ЕУ значи економски просперитет, социјална правда и демократија

Kога зборувам за продолжување на европската интеграција на државата зборувам за економски просперитет, социјална правда и владеење на демократија. Тоа се трите основни придобивки од зачленувањето во ЕУ, рече денеска во интервју за Сител телевизија претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

-Државите кои се зачлениле, во првите 5 години имаат од 70 до 100% зголемување на платите на нивните работници, имаат од 80 до 90 проценти зголемување на БДП. Погледнете ги само Словенија и Хрватска. Ние овде од Македонија со пари субвенционираме земјоделие, добиваме најмногу во регионот 100 милиони евра од ЕУ. Знаете земји членки, Хрватска и Словенија колку ќе добијат? 6 милијарди евра. Тоа е разликата од земја членка до земја кандидат. Земја членка добива европска помош 11 пати поголема од ЕУ – фондови по глава на жител од земја кандидат, рече Ковачевски.

Сето тоа ние сега ќе го оставиме на страна, за да ги слушаме празните муабети на политичари од минатото и некој кој сака да ја задржи својата позиција по секоја цена? Државата тоа не го заслужува, тоа го виде 11 години, дециден беше претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.