24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Ќе имаме редовни избори

Ако го погледнете моето експозе во однос на образлагањето на потребата од уставни измени, јас таму бев апсолутно искрен што добиваме со ЕУ и многу јасно кажав дека дента кога ќе ги изгласаме уставните измени јас ќе поднесам оставка и ќе одиме на избори, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Сител телевизија.

-Втората опција е доколку ВМРО-ДПМНЕ сака да станат дел од Владата бидејќи тие зборуваа за општествен консензус исто како што јас зборувам. Половина места од нашите ќе ги добијат, услов имаа ДУИ да не учествува. ДУИ поднесе оставки и другите албански партии кажаа и ние нема да учествуваме бидејќи очигледно заради нешто им сметаа Албанците. Ќе бидат дел од Владата ќе го завршиме целиот процес, ќе го завршиме скринингот. Ќе отвориме едно или две поглавја и ќе затвориме едно од поглавјата. И ќе одиме на избори. Влада во која доминатно министри ќе има ВМРО-ДПМНЕ. Ние ќе имаме редовни избори, во нивниот редовен термин и претседателски и парламентарни избори, рече Ковачевски.