23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Чувајте се: Температурите ќе стигнат речиси 40°C – Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

Во текот на следнава работна седмица времето ќе биде претежно стабилно и многу топло, а дневната температура на повеќе места ќе надминува 35 степени. Насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура. Од четврток ќе се зголемат условите за попладневна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 22.08.2023
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 32°C до 39°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8

Прогноза за 23.08.2023
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 40°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. UV=8

Прогноза за 24.08.2023
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 31°C до 39°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, во северните делови од северен, а во јужните од јужен правец. UV=8