Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Менувањето на Уставот ставено на дневен ред, изгласан од 70 пратеници

Со еден час доцнење почна собраниската седница со единствена точка на дневен ред – уставни измени. Со неа раководи претседателот на Собранието, Талат Џафери. За дневниот ред гласаа 117 пратеници – од кои 47 „против“, 70 „за“, а воздржани немаше.

„Констатирам дека е усвоен предложениот дневен ред“, рече Џафери.

Во собраниската сала во првите редови седи премиерот Димитар Ковачевски, а таму се и вицепремиерот Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вицепремиерот Артан Груби.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Реформите не зависат од уставните измени и мора да се спроведуваат

ДЕСК

Филипче: Владата на Мицкоски нема волја нештo да направи, реформите се целосно блокирани

ДЕСК

Алиу на конференција на АмЧам: Со заеднички заложби до проактивен здравствен систем, во тек се бројни проекти за зајакнување на капацитетите во здравството

ДЕСК