15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешко повредена 23-годишна девојка, метален предмет удрил во возилото што го управувала на автопатот Гостивар – Тетово

Вчера, во 11.40 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на неготинска клучка, метален предмет удрил во патничко моторно возило „фолксваген голф“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувала 23-годишната А. М. од гостиварски Градец, извести СВР Тетово.

„Од ударот добила тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово“, велат од СВР Тетово.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.