23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Некаде пеколни температури, некаде од утре невреме – Метеоцентар со детална прогноза

Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето ќе биде многу топло. Дневната температура во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени. Изолирана појава на пороен дожд и грмежи ќе има утре претежно во западните делови во попладневните часови и во сабота од средината на денот. Во недела и понеделник особено вдолж Повардарието ќе засилува северен ветер.

Прогноза за 19.08.2023
Минимална температура: 14°C до 24°C
Максимална температура: 32°C до 39°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има појава на краткотраен дожд и грмежи проследени со засилен ветер. UV=8

Прогноза за 20.08.2023
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 31°C до 39°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието попладне ќе засилува. UV=8

Прогноза за 21.08.2023
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието попладне ќе засилува. UV=8