Во рамки на заложбите на министерот за информатико општество и администрација Азир Алиу за европски модел на комуникација и поголема инклузивност на лицата со попреченост, веќе е воспоставена можност за знаковно толкување на соопштенијата на МИОА.
Како банер е поставен на веб страницата:
https://www.mioa.gov.mk/mk-MK/news/kiko.nspx
https://www.mioa.gov.mk/sq-AL/news/sinteza-e-zerit-hana.nspx
Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу организира средби со граѓански организации на граѓани со попреченост за да се подигне свеста за правата и потребите на овие лица и тие бидат вклучени во сите законодавни процеси.
Тој изјави дека во сите јавни настапи како министер, кои се од информативен карактер, ќе има преведувач во реално време со знаковен јазик, воспоставувајќи го како практика и како стандард за сите јавни средби.
„Системски се трудиме и работиме на воспоставување на професионална рамка која користи знаковен јазик и има лиценца да толкува знаци во сите сфери на општеството. Правото на информации и пристап до услуги го сметаме за многу важно, без никого да исклучуваме“, изјави министерот Алиу.
На средбата со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, министерот Алиу посочи дека гради европски модел на комуникација и посветеност на заложбата кон лицата со попреченост.
За проблемите на заедницата на глуви лица во однос на дигитализацијата, се разговараше и на средбата со претставници на Здружението на толкувачи на знаковен јазик „Гласни раце“.
„Нашата држава треба да ги почитува одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Министерот Алиу се зафати со решавање на предизвикот на непостоење шифра на дејност за професијата Толкувач на знаковен јазик за да се препознае како кадар во секоја државна установа. Потоа, следуваат активности за запознавање на другите институции за оваа потреба и соодветна едукација за правата и потребите на граѓаните со попреченост. Исто така, сите интернет страници на државните установи ќе се прилагодат на формат достапен за глувите и слепите лица, а со тоа стартуваше ресорното Министерство“, рече Марија Башевска, Здружение на толкувачи на знаковен јазик.
Контакт лице: Даниела Дичоска 070821956