Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во Дебар го означи почетокот од првата фаза за реконстукцијата на Хидромелиоративниот систем за наводнување “Дебарско Поле”, со реконструкција на пумпната станица.
Хидромелиоративниот систем за наводнување “Дебарско Поле” е проектиран и делумно изграден во седумдесеттите години од минатиот век. Систем за наводнување кој досега опфаќал околу 1000 хекатри земјоделски површини, користејќи ја водата од акумулацијата Шпиље. Долгите години на експлоатација и недоволното одржување на овој систем, допринеле истиот да е оштетен, во многу лоша состојба и повеќе години надвор од функција.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, токму од таа причина, уште во 2019 година подготви техничка документација за реконструкција и дограба на овој систем за наводнување.
„Со техничката документација е предвидена комплетна реконструкција на пумпната станица, реконструкција на главниот канал и реконструкција и доградба на деталната мрежа за наводнување, со што во мрежата за наводнување би се опфатиле 1650 хектари земјоделско земјиште и би се зголемиле земјоделските површини кои можат да бидат наводнувани“, истакна во обраќањето министерот Николовски.
Целиот процес за реализација на проектот за реконструкција на системот за наводнување “Дебарско Поле” е предвиден да се одвива во две фази. Првата фаза опфаќа реконструкција на пумпната станица, а во втората фаза реконструкција и доградба на главниот канал и деталната мрежа за наводнување.