Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Меџити: „Брзата реакција на здравствените власти спречи раст на заразени со конго-кримска хеморагична треска“

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово одржа консултација со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализираше актуелната состојба со конго-кримска хеморагична треска во државата.

Како што известуваат од Министерството за здравство, на состанокот министерот Меџити порачал дека здравствениот систем навремено и соодветно одговори по детектирањето на првите случаи на ККХТ.

– Министерот истакна дека брзата реакција на здравствените власти, спречија нови сценарија во форма на експоненцијален раст на број на нови случаи со ККХТ. Министерството за здравство и сите здравствени иституции навремено и професионално одговорија и со набавка на соодветна терапија, која и покрај реткоста, за 24 часа стигна во нашата земја. Меџити посочи дека останува во редовна комуникација и консултација со Комисијата за заразни болести, ИЈЗ, Инфективната клиника и доколку е потребно ќе бидат предложени соодветни мерки за подигнување на степенот на превенција на уште повисоко ниво, се наведува во соопштението од МЗ.

Можеби ќе ве интересира

Томовски ја демантира СДСМ

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

(ФОТО) ТОШКОВСКИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА СО СВОЕТО ВОЛВО ДОБИЛ КАЗНА ОД СЕЈФ СИТИ: Додека одел на партискиот конгрес на ВМРО ДПМНЕ некоја од камерите го фатила како ита побрзо од дозволеното

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.