23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ефтимова: Младите од Западен Балкан имаат потенцијал, искористувањето на Еразмус програмите нѐ носи во Европа

„Верувам дека потенцијалот на младите од Западен Балкан е можеби и поголем од потенцијалот на останатите земји од Европа, затоа што тука ние сме научени сами да ги бараме можностите. Не ни е дадено ништо така на дланка, туку ние сме тие кои сакаме да успееме. Имаме амбиција, креативност и желба, меѓутоа можеби некогаш ни треба поттик за таа мотивација и поттик за таа желба да испадне на виделина и дополнителна мотивација за да можеме да успееме“ изјави Благица Ефтимова, проектен координатор за Еразмус плус мобилност во интервју за Трн.

Според неа Еразмус им покажува на младите дека ги имаат истите можности како и остатокот од Европа, а прашање е колку ќе ги искористиме тие можности.

„Треба малку да излеземе од таа комфорт зона и да бидеме на терен, односно да видиме што можеме да работиме со професорите и со наставниците. Тие да бидат мобилизатори на заедницата. Има можности со овие програми, но ние сме тие што некогаш треба да ги најдеме тие можности“ истакна Ефтимова.

Во интервјуто за Трн, Ефтимова истакнува дека императив за неа и за младите луѓе е европското семејство и неговите предности.

„Ние сме тие што треба да го направиме реалност. Нема некој друг да дојде и да каже – ајде отворена ви е вратата, влезете. Според мене, европско семејство ДА. Дефинитивно имаме еден куп можности. Колку ќе бидат тие добронамерно искористени останува да видиме“ рече Ефтимова.