Криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното Јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.В.(24) од Битола, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривични дела „тешка кражба“.
Имено, тој вчера со употреба на сила влегол во куќа на ул.„Караорман“ во Битола и одзел разни предмети и алати, а откако ја напуштил куќата одзел накит од малолетничка.
Б.В. истиот ден е лишен од слобода и со него е извршен службен разговор во СВР Битола, при што тој го признал делото. Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.