Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пукање во тетовско поради нерасчистени сметки во Швајцарија

Вчера во 21.40 часот во СВР Тетово, Ш.Р. од тетовско Желино пријавил дека на паркинг во с.Сиричино од страна на Д.А., О.Р. од с.Чегране и уште едно лице било пукано со огнено оружје кон неговиот син С.А. од Желино, при што му била одземена и чанта со пари и лични документи.

Според пријавеното, С.А. и Д.А. имале нерасчистени должничко доверителски односи и судски спор во Швајцарија.

Увидна екипа од СВР Тетово извршила увид и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, по што против инволвираните ќе следуваат и соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

УАПСЕНА КАЈ ГЕВГЕЛИЈА: Возела без возачка дозвола, возилото одземено

ДЕСК

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ВО ДОЈРАН: Директорка под истрага за злоупотреба на функцијата

ДЕСК

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ВО ДОЈРАН: Осомничени за злоупотреба на службена положба

ДЕСК