24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

Ристески: Нема простор за згради во Лисиче, Муцунски да го повлече спорниот ДУП

Нема простор за згради во Лисиче! Ова е ставот на нашите сограѓани од насеба Лисиче, во врска со коригираниот предлог Детален урбанистички план за градска четврт ЈИ 09, блок 09.01.

СДСМ доследно стои на страната на Лисичани и нема намера да поддржи никакви компромисни решенија на штета на граѓаните.

Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги излажаа граѓаните. Очигледно Муцунски нема намера да се откаже од намерата за изградба на највисоката висококатница, за која е предвидено да брои 12 ката, односно приземје, 10 ката и поткровје.

Токму под оваа предвидена 12-катница поминува и гасоводна цевка со пречник Фи 426 милиметри, што претставува реална пречка не само за градење, туку и за планирање на нови градби во оддалеченост од најмалку 30 метри лево и десно од гасоводната цевка.

Уште еднаш се докажа дека профитот на поединци за ВМРО-ДПМНЕ е секогаш пред интересите на жителите на Лисиче и Аеродром.

Третата јавна анкета за новиот предлог-ДУП за Лисиче е во тек и ќе трае до среда 16 август. Јавната презентација за овој ДУП ќе се одржи во вторник, на 15 август, во просториите на ОУ „Димитар Македонски“ со почеток во 17 часот.

Закажувањето на нова јавна анкета во време на летните одмори со надеж дека така ќе привлече помало внимание е уште еден обид „на мала врата“ да се протурка бетонизација на една од најубавите скопски населби, на директна штета на здравјето и комодитетот на граѓаните, рече денеска Милутин Ристески, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на општина Аеродром.

– Ги охрабруваме нашите сограѓани да ја искористат законската можност преку масовно излегување на јавната анкета уште еднаш да го потврдат ставот дека простор за згради во населба Лисиче нема! Го потсетуваме градоначалникот Муцунски, граѓаните ја бараат ветената хумана урбанизација на Аеродром која подразбира подигнување на нови паркови и зелени површини, а не нови 12 катници во урбаното јадро на општината, рече Ристески.

Тој додаде дека советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Аеродром најостро го осудува ваквиот игнорантски однос кон барањата на Лисичани. Бараме повлекување на спорниот ДУП на доработка, без лажни компромиси на штета на граѓаните.