25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Серија апсења на повеќе локации низ Македонија

На 11.08.2023 околу 19.00 часот во ОВР Дебар приведени се С.Т.(21) од селото Папрадник и С.М.(24) од селото Бајрамовци, општина Центар Жупа. При преглед извршен на локален пат во близина на Дебарското Езеро, полициските службеници кај нив пронајдоа и одзедоа марихуана и кокаин. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.08.2023 во 17.30 часот, во полициската станица во Струга приведен е Е.П.(23) од струшкото село Биџево. При преглед извршен на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа метален пендрек. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (12.08.2023) во 04.30 часот во СВР Скопје Ѓ.С.(24) од Скопје пријавил дека околу 01.10 часот, на подрачјето на Центар бил физички нападнат од четири лица кои се обиделе да му одземат лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.08.2023 во 18.50 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Полициската станица Карпош ја лишиле од слобода В.П.(40) од Скопје, поради тоа што околу 15.40 часот во казино агресивно се однесувала и физички нападнала лице вработено како обезбедување кое вршело службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Денеска (12.08.2023) во 05.20 часот во СВР Тетово, Н.М.(19) од с.Доброште пријавил дека околу 02.00 часот во угостителски објект во Тетово, каде работел, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Б.Н. и неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(26), поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 08.06.2023 на регионалниот пат Тетово-Пирок, во село Горно Палчиште, полициски службеници кај него пронашле и одзеле амфетамин и марихуана, а и претходно бил приведуван поради сторено исто кривично дело.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Т.(32) од село Пирава, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.11.2022 во Штип, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.