22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
.БИЗНИС

Државата враќа данок кон граѓаните, проверете ги сметките – За последното тромесечје поделени 707 милиони денари

Управата за јавни приходи известува дека ја изврши исплатата на средствата од МојДДВ, за второто тримесечје од оваа година.

Кај граѓаните кои скенирале фискални сметки во месеците април, мај и јуни исплатени се 707.246.087,00 денари. Во наредните денови ќе се врши исплата кај оние корисници на апликацијата кои направиле промени во својата трансакциска сметка.

Во ова второ тримесечје 13 402 граѓани се нови корисници на апликација МојДДВ.

Согласно анализите на Управата за јавни приходи над 530 илјади граѓани во месеците април мај и јуни скенирале 86,9 милиони фискални сметки со искажан промет од 54,2 милијарди денари.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните корисници на апликацијата МојДДВ да внесат точни податоци како би се извршила навремена исплата.

Најчести причини поради кои не се врши исплатата се: погрешно внесена трансакциска сметка, внесена трансакциска сметка на друго лице а не на корисникот на апликацијата, или е внесен бројот на платежната картичка наместо број на трансакциска сметка, сметка која е веќе згасната или воопшто не е внесена.

Проектот МоjДДВ кој Управата за јавни приходи го започна на 1 јули 2019 година, успешно се реализира и успешно ги остварува двете главни цели: враќање назад пари кај граѓаните, и сузбивање на сивата економија.

Од 1 јануари 2023 година е зголемен лимитот за највисокиот износ на враќање на дел од ДДВ изразен во фискалните сметки за едно тримесечје по корисник од 1800 денари на 2100 денари.