Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поведена постапка против двајца дилери во Струга и во Тетово

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што известува Обвинителството, кај 32-годишниот стружанец полицијата пронашла околу еден килограм марихуана, која ја носел со себе во картонска кутија.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, пак, поведе истражна постапка против 34-годишен тетовец за истото кривично дело, бидејќи во подрумот на зграда во населбата Чешел држел вкупно 30 пакувања наркотична дрога марихуана со различна грамажа и со вкупна нето маса од 20,32 грама.

За двајцата осомничени до надлежните судови се поднесени предлози за определување мерка притвор, кои се прифатени и на лицата им се определени бараните притворски мерки.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.